Најмалку еден пациент и еден работник се убиени во експлозија и престрелка кои се случија во воена болница во Кабул, главниот град на Авганистан
Според некои неофицијални информации, загинале три лица, а повеќе од 54 се повредени.
Вооружени напаѓачи, облечени како доктори, ја нападнаа воената болница во близина на амбасадата на САД во авганистанската престолнина и се судрија со безбедносните сили во таа зграда.
Ројтерс, повикувајќи се на официјални лица и сведоци, наведува дека нападот почнал со експлозија во задниот дел на болницата „Сардар Мухамед Дауд Кан“, после што три од петте напаѓачи вооружени со автоматско оружје и рачни бомби влегле во неа.
Напаѓачите фатиле позиции на горните катови и влегле во пресметка со безбедносните сили кои биле таму испратени и кои го блокирале подрачјето околу болницата.







