Медиумите јавуваат дека со заострување на мигрантската криза на границата меѓу Белорусија и Полска почнаа да се слушаат и истрели.
РТ информира дека полицијата истрелува солзавец и „пука“ со водени топови, а дека мигрантите се обидуваат да ја пробијат оградата. На видео снимките се слуша како некои од нив извикуваат „Алаху акбар“.
Наводно, еден од мигрантите е потешко повреден, јавува РТ.







