Виз ер: Нема промени во начинот на патување кон и од Велика Британија до 21 декември

Во наредните 11 месеци ќе нема никакви промени во начинот на кој ќе се патува со авион кон и од Велика Британија и покрај тоа што државата на 31 јануари на полноќ официјално ја напушти Европската унија, објави нискобуџетната авиокомпанија која ја опслужува линијата Скопје-Лондон.

Како што наведува Визер во известувањето до клиентите, до 21 декември Велика Британија ќе продолжи да ги следи правилата и регулативите на Европската Унија и со тоа ќе нема никакви промени во начинот на кој ќе се патува кон и од таа држава во тој период.

Визер ја опслужува линијата Скопје-Лондон двапати неделно, секој вторник и сабота.