Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Винарниците ветуваат откуп на целата реколта и исплата согласно законите
Економија

Винарниците ветуваат откуп на целата реколта и исплата согласно законите

јули 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска одржа работен состанок со претставници од винарските визби, а целта, како што соопшти ресорното Министерство, е навреме да се анализираат податоците во делот на планираното производство за реколтата 2019, квалитетот на родот и откупот од страна на винарниците.

Средба, се наведува во соопштението од МЗШВ, е дел од континунираните состаноци пред почетокот на бербата на винско и трпезно грозје.

Од страна на претставниците на винарниците е посочено дека се очекува стабилна година во однос на приносите и квалитетот на грозјето, со незначително зголемување на приносите во споредба со минатата година.

Според првичните проценки на винарниците, се очекува откуп на околу 125 милиони килограми винско грозје.

При тоа винарниците посочија дека очекуваат целокупното произведено винско грозје од страна на индивидуалните лозари да биде откупено и согласно законските одредби ќе биде исплатено.

Министерот Димковски посочи дека Министерството заедно со Државниот инспекторат за земјоделство ќе ја следат бербата и откупот на грозјето и во текот на следните денови ќе се организира заедничка средба помеѓу лозарите и претставниците од винарските визби.

Министерството е секогаш тука доколку има потреба да се преземат соодветни мерки за целокупното грозје да биде откупено, потенцираше министерот Димковски.

Според податоците од Секторот за винарство и лозарство при МЗШВ, извозот на винско грозје бележи пораст, односно во 2018 година биле извезени 10,8 милиони килограми, а во 2017-та година се извезени 9,6 милиони килограми винско грозје.

Зголемување има и во вредноста на извезено наливно и флаширано вино, односно девизниот прилив во 2018 година е за 10 отсто поголем од 2017 година и минатата година изнесувал над 50,7 милиони евра.

винарии средба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.