Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вицепремиерот Анѓушев и министрите од економски ресори на средба со Стопанските комори
Економија

Вицепремиерот Анѓушев и министрите од економски ресори на средба со Стопанските комори

декември 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денес, во Владата на Република Македонија се одржа втората седница на Комисијата за јавно приватен дијалог, којашто произлезе како резултат на склучениот меморандум за соработка помеѓу Владата и најголемите четири стопански комори (Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и МАСИТ). Главна цел на овој процес е воспоставување на дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор преку кој ќе се придонесе за подобрување на состојбите во деловното опкружување, зголемување на конкурентноста на стопанството, подобрување на квалитетот на домашните производи и услуги и забрзување на севкупниот економски раст и развој на Република Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, разговараа со претседателите на стопанските комори Бранко Азески (Стопанска комора на Македонија), Данела Арсовска (Сојуз на стопански комори), Неби Хоџа (Стопанска комора на Северозападна Македонија) и Горан Попоски (МАСИТ).

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека Владата во Меморандумот за соработка се обврза дека забрзано ќе работи на решавање на прашања за економски развој, за создавање поволна клима за работа, за привлекување на нови странски инвестиции и поддршка на домашните компании и за владеење на правото. Тој додаде дека заедно со стопанските комори, но и со академската фела и меѓународните организации, преку отворен дијалог и најтранспарентен начин работиме на подобрување на регулативата и политиките за економски раст.

„Индустријата, градежништвото, земјоделството и трговијата учествуваат со 50-60% во создавањето на Бруто домашниот производ. Ако се анализираат резултатите оваа година, три од четирите гранки бележат пораст, единствено градежништвото во првиот квартал бележи намалување. Ако градежништвото се врати во нормала, што се очекува, а останатите гранки ги задржат проектираните стапки на раст, се исполнуваат сите услови 2019 да биде економска година. Градежништвото ќе се врати назад, никогаш повеќе патишта во истиот момент не биле во изградба, првата фаза на железницата кон Бугарија интензивно се работи, а наскоро ќе започне со изградба и втората фаза на оваа железничка делница. Во моментов петнаесетина странски компании градат свои производствени капацитети, ќе се градат два големи комплекси и сето тоа ќе има импакт на градежништвото до 60 милиони евра месечно, што ќе доведе до раст од 3-7% само во градежништвото“, потенцираше Анѓушев.

На денешната седница од страна на коморите беше предаден преглед на позициски документи до Владините претставници, кои опфаќаат прашања по однос регулатива во фаза на менување или постоечка, со цел детална разработка на истата и поставување на финални и конкретни одговори од соодветните институции.

„Би сакал да ја издвојам соработката со Министерството за земјоделство, како ветувачка соработка во склоп на која како комори веќе имаме висок степен на инклузија. Дополнително ја истакнуваме соработката со Министерството за информатичко општество и администрација, поврзано со инспекцискиот надзор, која соработка се надеваме дека ќе резултира со донесување на квалитетен закон. Ја поздравуваме и работата на Министерството за труд и социјална политика, во однос на разбирањето за потребата и поддршката за развивање на нов закон за практиканство. Моменталниот статус на предлог законот е дека истиот е усвоен на Влада и чекаме негово донесување во Собрание“, изјави Горан Попоски, претседател на МАСИТ кој е и претседавач на Комисијата.

Денешната седница е уште еден од чекорите за интензивирање на соработката помеѓу Владата и приватниот сектор. Меѓусебната соработка треба да резултира со подобрување на бизнис регулативата, како и во креирање на економски политики и мерки со кои ќе се поттикне стопанството и економскиот раст и развој на Република Македонија.

влада економска година исполнети соработка услови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.