Вкупно 352 возачи санкционирани во Скопје

– Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 352 мерки.

Од нив, осум се за возење без возачка дозвола, 15 за нерегистрирани возила, девет мерки за технички неисправни возила во јавен превоз, 39 санкции за користење на мобилен телефон.

Изречени се и 14 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), има 10 санкционирани пешаци, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 39 санкции за неносење заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.