Владата ги кани сите граѓани на заедничка манифестација за независноста на 8 септември

LinkSense.mk

Денот на независноста – 8ми Септември, и оваа година, Владата и граѓаните ќе го прослават на отворено, во дворот односно паркот покрај владината зграда.

Во сабота во 18:00 часот, најмладите со нивните семејства ќе се забавуваат со програмата што за нив ја подготвува Петко и 5+ Бенд.

Забавно-музичкиот дел за возрасните ќе го отвори Огнен Узуновски – Оги со дџ сет кој ќе започне во 19:00 часот.

Програмата под отворено небо, во дворот на Владата на Република Македонија, потоа ќе продолжи со музиката на оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со Тамара и Тијана, кои ќе ги изведат најубавите македонски евергрини, со почеток во 19:30.

Во 20:35 ритамот на празничната прослава ќе го засилат Македонската филхармонија и маестро Џијан Емин со проектот „Оригинатор“ на продуцентот на електронска музика, Хуан Аткинс.

Во завршницата на музичката програма вечерта ќе настапи и познатиот домашен ДЏ, Феки Фарис.

На настанот, по повод Денот на независноста, ќе се обрати и Претседателот на Владата на Република Македомнија, Зоран Заев.

Со ова соопштение Владата на Република Македонија ги кани сите граѓани да бидат дел од големата прослава на овој наш празник.

Се гледаме на 8 септември, во 18 часот, пред Владата на РМ!

Се гордееме со минатото и гледаме кон иднината! Заедно одиме напред!