Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » КОВАЧЕВСКИ КАТЕГОРИЧЕН: Нема да има рудници без согласност на граѓаните!
Македонија

КОВАЧЕВСКИ КАТЕГОРИЧЕН: Нема да има рудници без согласност на граѓаните!

јули 17, 2023Updated:јули 17, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На вчерашниот настан за промоција на заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините со Србија, премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање посочи дека Владата нема да дозволи отворање на рудници без согласност на граѓаните.

„Јасен е ставот и на Министерството за економија и на Министерството за животна средина и просторно планирање и на претседателот на Влада дека рудник не може да има ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија односно две концесии. Концесиите се дадени од страна на ВМРО – ДПМНЕ, а рудници не се отворени благодарение на што Владата на СДСМ води постапка да не се отворат рудници“, нагласи премиерот Ковачевски.

Дополнително, премиерот Ковачевски се осврна и на концесиите за рудникот „Иловица“ кои се дадени во мандат на Влада на ВМРО – ДПМНЕ.

„Концесиите за рудникот „Иловица“ се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Владата на ВМРО – ДПМНЕ. Не се работи за никакви нови концесии, туку се работи за концесии одобрени од страна на ВМРО – ДПМНЕ, на странски инвеститор. Второ, дека се работи за одлуки донесени уште во времето на ВМРО – ДПМНЕ заради кои одлуки државата е сега ставена во судски лавиринти. Се работи за голем  број на судски одлуки од кои дел се во корист на странскиот инвеститор коишто ги има во тоа време добиено концесиите“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со рудникот „Иловица“.

Притоа, премиерот Ковачевски потенцира дека Министерството за економија ќе ги презентираат одлуките за рудникот на владина седница.

„Она што е интенција на Владата е прво, било која одлука во делот на отворање на рудник да биде во согласност со очекувањата на граѓаните. Односно, ако граѓаните во општините во струмичкиот регион, односно во југоисточниот плански регион Струмица, Ново Село, Василево, Босилово се против отворање на рудници, тогаш рудници нема да има“, дециден е премиерот Ковачевски.

„Она што Министерството за економија, не велам министерот за економија, туку министерството, бидејќи таму постојат служби кои работат на целата судска постапка која се води во изминатите години мора да носат одлуки кои што прво, ќе го заштитат интересот на граѓаните и државата. Кога велам интересот на граѓаните и државата, да не се дозволи државата во арбитражи да плаќа огромни суми на средства, заради раскинатите концесии“, изјави премиерот Ковачевски, кој додаде дека СДСМ и Владата предводена од СДСМ од прв ден биле против тие рудници.

актуелно ковачевски рудници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.