Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Владата останува посветена на реформите во борба против корупција, функционерите под лупа
Македонија

Владата останува посветена на реформите во борба против корупција, функционерите под лупа

јануари 23, 2020Updated:јануари 23, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За бескомпромисна борба против корупцијата ја подигнавме отчетноста и транспарентноста на институции на извршната власт, која треба да биде зајакната и со независно, транспарентно и отчетно судство и обвинителство, со непартизирана антикорупциска комисија.

Владата на Република Северна Македонија, се наведува, останува да се раководи од ставот дека отворените податоци се силен поттик и дополнително го јакнат доброто управување, транспарентноста, интегритетот и со јавното учество на граѓаните и другите засегнати страни во креирањето на политиките.

Сите реформи што беа преземени и што се спроведуваат се во насока на создавање силни и независни институции и механизми за борба против корупцијата, сѐ со цел да се врати довербата на граѓаните во институциите на системот.

Во таа насока имаме сериозни остварувања и резултати.

Според последното истражување на „Action SEE“ за транспарентност, отвореност и отчетност на извршната власт во регионот на Западен Балкан објавено минатата година, Владата на Република Северна Македонија, заедно со Црна Гора се издвојуваат во регионот според индексот на отвореност, кој изнесува 78% во однос на исполнување на индикаторите.

Трендот е растечки во последните две години и донесе пресврт во рангирањето на нашата земја, ако се знае дека во 2016 година бевме на последното место со само 52% исполнети индикатори.

Донесовме законска регулатива која на Државната комисија за спречување на корупцијата – од започнувањето со функционирање во новиот состав минатиот февруари, ѝ создаде солидно досие на покренати случаи, вклучително и покренати иницијативи за утврдување на кривична одговорност за актуелни носители на јавни функции како и поништени решенија за вработување.

На 17 јануари ДКСК ја донесе петгодишната национална стратегија за спречување на корупција чии цели се зголемување на нивото на политичка одговорност, спречување на политичкото влијание, јакнење на интегритетот и транспарентноста при вработување во јавниот сектор кое треба да се базира на квалитет, јакнење на надзорните и контролните механизми и намалување на корупцијата во јавните набавки и доделувањето на грантови.

Минатата година усвоена е Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2019-2021 година, со Акциски план, за унапредување на амбиентот за транспарентност и доверба во работата на институциите.

Со порталот „Отворени финансии“ оваа влада го отвора државниот Трезор на Министерството за финансии, и на увид на јавноста ги става сите минати, сегашни и идни финансиски трансакции, на буџетските корисници од Буџетот на Република Северна Македонија. Сите идни ќе се прикажуваат на секои 15 дена.

За прв пат во политичката пракса во нашата земја, Владата е таа што, самоиницијативно, го стави на најотворен, најтранспарентен начин, своето финансиско работење.

Многу малку земји можат да се пофалат дека имаат воведено ваква алатка која им овозможува на граѓаните да имаат увид во приходната и расходната страна на Буџетот во секое време.

Поттикнати од начелото за транспарентно и отчетно трошење на државните средства, односно на парите на граѓаните, порталот „Отворени финансии“ го отвора патот на граѓаните, експертските и граѓанските организации за транспарентен увид во трошењето на народните пари и отвора широка можност за сугестии и предлози за учество на граѓаните и за креирање подобри политики во менаџирањето на буџетот на граѓаните.

Отворање на трезорот и сите податоци во него, е една од најголемите мерки во насока на намалување на корупцијата и неправилностите во работењето на државните институции, како и штедење на парите на граѓаните.

Преку порталот „Отворени податоци“ го овозможивме максимално учеството на граѓаните при креирањето на политики и при анализа на испорачаните резултати. Со еден збор, преку порталот за отворени податоци ја качивме транспарентноста и отвореноста на институциите на едно повисоко ниво.

Пред две години, за прв пат во политичката историја на Република Северна Македонија, Владата, самоиницијативно, на увид на граѓаните ја стави можноста да го следат и анализираат трошењето на средствата на граѓаните од страна на владините функционери.

Владата на Северна Македонија креира и спроведува политики што нѐ приближуваат кон отворени и транспарентни општества, и на отворени ресурси достапни за сите.

Бројките на отворени и затворени случаи, како и бројот на високи функционери чии имоти и начин на работа беа и се предмет на истражување на институциите (пред сѐ на ДКСК) покажува дека правецот во кој се движи државата кога е борбата против корупција во прашање, е добар и среднорочно и долгорочно вродува со плод.

Работата исто како и имотот на функционерите е под лупа како никогаш досега.

Владата на Северна Македонија останува посветена на реформите во полето на борба против корупција, и ќе продолжи со имплементација на механизмите кои овозможуваат правично функционирање на системот.

Влада на Република Северна Македонија

актуелно влада корупција функциониери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.