Владата ја донесе Фискалната стратегија 2021- 2023 година

Владата денеска на седница ја донесе Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за период 2021-2023 година.

„На предлог на Министерството за финансии, заради запазување на законските рокови, Владата денеска ја донесе Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2021-2023 година, како клучен инструмент за среднорочно буџетско планирање која е во согласност со среднорочните фискални цели и стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и овозможува следење на динамиката на приходите и расходите во однос на фискалните цели“, информираат од владината прес-служба.