Владата ќе заседава денеска

LinkSense.mk

Владата ќе ја одржи денеска редовната 117 седница, со, како што се наведува, повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Ова е прва седница по вториот изборен круг, а откако премиерот Зоран Заев најави оставка – потег кој повлекува оставка на целиот кабинет. Владата во оставка останува на должност до избор на нова влада.

Како што соопштија од Владата, денеска ќе се разгледува националната стратегија за вработување 2021-2027 година, со вклучен акциски план за вработување. На дневниот ред на оваа седница, меѓу другото, е информацијата за напредок во имплементацијата на Вториот проект за подобрување на општинските услуги, заклучно со септември 2021 година.

На предлог на Министерството за надворешни работи, денеска пред министрите ќе се најде и предлог-законот за ратификација на договорите меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Албанија за воспоставување заеднички гранични премини, како и предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка.