Владата ќе ја одржи 119-та седница

LinkSense.mk

Владата на Република Северна Македонија денеска, 16.11.2021 година (вторник), ќе ја одржи 119-тата редовна седница, со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, на дневен ред покрај повеќе предлог-закони за изменување и дополнување на законите кои се однесуваат на подобрување на социјалната заштита, заштита на децата е и Информацијата за текот и прогресот на спроведувањето на новиот модел за проценка на дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на деца и млади, базиран на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ).

За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто ќе се одржи со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.