Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Влада: Субвенционирање на придонесите на платите ќе го задржи стручниот кадар
Економија

Влада: Субвенционирање на придонесите на платите ќе го задржи стручниот кадар

септември 4, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Новата мерка за субвенционирање на придонесите за платите ќе го задржи стручниот кадар, ќе ја поттикне и продуктивноста на компаниите за нов економски раст што ќе ја придвижи спиралата за дополнителен раст на платите, а со тоа и на развојот“, оцени
денеска Владата, прецизирајќи ги во соопштение новините со мерката по усвоениот ребаланс на Буџетот, што вчера го презентираа премиерот Зоран Заев и министерката за финансиии Нина Ангеловска.

Со мерката за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра во денарска противвредност се предвидени 400 милиони денари.

Со неа, истакнува Владата, се сузбива сивата економија и давањето плати во кеш.

„Мерката е од исклучително значење, бидејќи со неа ќе се поддржат компаниите кои се соочуваат со потешкотии за наоѓање и задржување на стручен кадар. На тој начин, ќе се поттикне и продуктивноста на компаниите што е основа за економски раст. Од друга страна ќе се поттикне спиралата на плати, што ќе се рефлектира на забрзан раст на платите. Мерката прво важи еднакво за сите компании и вработени во приватниот сектор. Тоа се околу 610 илјади наши сограѓани. Оваа мерка на ја опфаќа јавната администрација бидејќи во оваа дејност нема исплата на плати во кеш, а со покачувањето на платите во овој сектор, нормално си оди и плаќањето на придонесите зголемени соодветно на секое покачување“, стои во соопштението.

Благодарение на добрите перформанси на Буџетот, на неговата ликвидност и финансиска стабилност, како што потенцира Владата  утврдено е дека може да се алоцираат предвидените 400 милиони денари за субвенционирање на придонесите за да се овозможи пораст на платите.

„Со оваа мерка, наместо да даваат пари во кеш како дополнување на платата на работниците, за да ги мотивираат, да ги задржат, работодавачите не ја даваат целата бруто плата, зашто вкупно придонесите на бруто плата изнесуваат 47 отсто заедно со персоналниот данок. Целта е навистина да се демотивира исплатата на дел од платата во кеш“, велат од Владата.

Со новата мерка што ја предлага Владата, работодавачите ќе платат само 11 проценти персонален данок, а другиот дел, пензиско, здравствено и социјално осигурување, ќе го покрие државата.

„Така, вработените ќе добијат повисоки нето плати и ќе бидат мотивирани да останат на работа. Тоа е мерка која ќе придонесе кон мотивацијата и младите луѓе, и сите други, да останат во државата зашто платите ќе растат, истакнуваат од Владата и дополнуваат дека во креирањето на мерката се водела грижа за влијанијата на мерката на Буџетот и заради тоа е воведен лимит на висината на придонесите што ќе бидат субвенционирани и тие се соодветни на зголемувањето на платата до 100 евра во денарска противвредност.

Според Владата, дополнителен ефект од оваа мерка е што, во суштина, со субвенционирање на придонесите за здравствено и пензиско, ќе се помагаат двата фонда, и здравствениот и пензискиот, наспроти на фактот што заради исплатата во кеш, овие фондови не ги добиваа тие средства.

„Оваа мерка го обезбедува приливот на средства во овие два фонда, ги стабилизира, но и отвора можност за дополнителен раст на платите, на пример – во здравството. Овој ребаланс на Буџетот ја има токму таа цел да го забрза растот и да вбризга повеќе пари кај граѓаните и компаниите за раст на платите“, се вели во соопштението.

влада придонеси на плати стручен кадар Субвенционирање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026

Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протестив

октомври 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.