Власта планира да ја менува законската регулатива во делот на безбедноста во сообраќајот по трагичната сообраќајка во која загина младата Фросина.
За денеска веќе е најавена седница на собраниската комисија за политички систем на која пратениците од мнозинството ќе побараат да се организира јавна расправа со што и би почнала процедурата за промена на овие законски решенија.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски кој викендов беше гостин во „Тема на денот“ на Сител ТВ рече дека целта е да не му се остави простор на Судот да ирекува поблаги казни за потешки форми на прекршоци во сообраќајот.