ВМРО-ДПМНЕ бара нови избори за излез од кризата

ВМРО-ДПМНЕ на денешната средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини ја повториле оценката дека најдобриот начин за надминување на политичката криза е спроведување брзи избори.

„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено и незадоволство од платформата на премиерот на Албанија, Рама од Тирана, негативните последици што се предизвикуваат од бруталното мешање во внатрешните работи на соседна држава, спротивно на принципите за добрососедство. Воедно беше истакнат фактот за нарушување на принципот за коалицирање на „победник со победник” по изборите“ се наведува во соопштението од партијата.

На средбата, Могерини јасно ги повторила изнесените ставови на Европската комисија за актуелните теми и области.

Освен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на средбата со Федерика присуствувале и Никола Попоски, Никола Тодоров, Владимир Ѓорчев и Александар Николоски.