ВМРО-ДПМНЕ: Власта не знае да се справи со коронавирусот

„Мерките на Филипче и Заев наместо заштита носат дискриминација и поделба на населението. Не знаејќи како власта да се справи со корона вирусот Филипче воведе
фашистички мерки. Власта наместо да понуди решенија, ги заплашува граѓаните.
Филипче и Заев со овие фашистички мерки докажаа дека за нив постојат само вакцинирани граѓани, а ги избришаа граѓаните кои минуваа голгота во текот на лечењето и имаат антитела“, се наведува во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, се вели понатаму во соопштението, повикува на вакцинација, но не и на поделба на населението.

„ВМРО-ДПМНЕ е строго против дискриминација, бидејќи во оваа држава сите граѓани треба да се исти според Законот и Уставот“, заклучуваат опозиционерите.