Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција: Двојните аршини на Силјановска и маргинализирање на поддршката од ВМРО ДПМНЕ
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција: Двојните аршини на Силјановска и маргинализирање на поддршката од ВМРО ДПМНЕ

февруари 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Не поминаа ни десет дена откако надпартискиот кандидат ја доби партиската поддршка, вчера вечер јавно ги слушнавме и видовме искрените размисли ставови кои се во потполна спротивност со кажаното на партиската конвенција. Она што беше премолчано на конвенцијата вчера беше јасно и гласно кажано со зборовите: ,,Можете Вие да го смените името, може да го напишете на сите институции јас тоа ќе го почитувам…. Од апсект на правото не е прифатливо, но од аспект на реалноста Преспанскиот договор е прифатлив….Јас не сум надпартиски кандидат на ВМРО ДПМНЕ туку побарав поддршка од граѓаните 10.000 потписи. ВМРО ДПМНЕ не ми ги собра потписите, туку граѓаните”.

Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ пред конвенцијата јавно укажа дека со изнасиленото фаворизирање на ,,либералниот” соросов надпартиски кандидати намерно се отпочнува процеcот на обезличување на ВМРО ДПМНЕ од страна на наметнатото партиско раководство во договор со криминалните партиски структури. Со вакви ставови на кандидатот за претседател повеќе станува од јасно дека засега успешно се реализира зацртаното сценарио за згаснување и заминување во историјата на ВМРО ДПМНЕ. Јавно и гласно укажавме дека со ваков кандидат свесно настојувате да ги изгубиме претседателските избори, ја губиме препознатливоста, го убивате патриотизмот и целта е да станеме партија за поткусурување и потсмев.Со ваков кандидат ВМРО ДПМНЕ ја пропушти можноста со достоен претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот, чесноста и достоинството.

Затоа Демократската фракција бара од наметнатото времено раководство на ДПМНЕ кампањата на кандидатката да ја финансираат граѓаните кои ја подржале, а не партијата од сопствените средства и ресурси. НА ВМРО ДПМНЕ и на Република Македонија и е потребен претседател кој нема само да укажува и кој нема да се срами и да ја маргинализира дадената вмровска поддршка, туку активно ќе дејствува за исправање на нанесената неправда поради промената на името и барање начин за поништување на неуставно и незаконски донесените акти согласно меѓународното право.

Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ и се заблагодарува на кандидатката Силјановска за искрената изјава со која јавно обелодени дека нејзиното учеството на претседателските избори има само за цел да ги легализира досегашните неуставни и незаконски акти и дејствија превземени од актуелната власт. Затоа нам како на Демократска фракција ни останува бојкотот како можност и средство да не успеат овие претседателски избори со цел да се распишат нови претседателски и парламентарни избори каде ВМРО ДПМНЕ ќе настапи сложно и обединето со сериозен и достоен вмровски кандидат и чесни кандидати за пратеници кои ќе се борат за исправање на неправдите, за благосостојба и еднаквост на граќаните по сите основи и за достоинствена одбрана и заштита на националните и државите интереси.

ВМРО-ДПМНЕ-ДЕМОКРАТСКА ФРАКЦИЈА

вмро-дпмне двојни аршини демократска фракција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.