ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Грција е отфрлен, Заев мора да ја почитува одлуката

LinkSense.mk

Покрај сите притисоци, закани и уцени од страна на власта, граѓаните кажаа НЕ за штетниот договор за промена на името. Граѓаните кажаа гласно НЕ за договорот со Грција. 2/3 од македонските граѓани упатија јасна порака дека за нив овој Договор е неприфатлив. Залудни се правдањата, апсурдните толкувања и манипулациите на Заев“ порачаа утринава од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека „Граѓаните јасно упатија порака, дека Заев нема легитимитет да го турка овој договор. Граѓаните го отфрлија овој договор. Зоран Заев наместо да манипулира треба да се соочи со реалноста и да го отфрли овој договор, кој е на штета на Република Македонија. Насилното туркање на овој капитулантски договор ја носи државата во ќорсокак“.

„Зоран Заев ја изманипулира и меѓународната заедница и нејзините претставници, кои ги лажеше со голема поддршка. Директен виновник за неуспехот на овој референдум е криминалната власт на чело со Заев. Криминалот, корупцијата, убиствата по улици и грабежите не се европски вредности. Граѓаните со СДСМ на власт имаат пад на безбедноста, владеење на правото не постои, а доживуваат крах и образованието, здравството и земјоделието. Со оваа власт државата само тоне“  велат од ВМРО-ДПМНЕ.