ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче одамна ја испуштија од контрола состојбата со пандемијата

Бројот на заразени наближува на 20.000 лица, односно 10 пати повеќе од уверувањата на Филипче.

Заев и Филипче одамна ја испуштија од контрола состојбата со пандемијата, бројот на заразени наближува на 20.000 лица Секој ден имаме троцифрени бројки на заразени, а власта нема ниту план, ниту стратегија, како да ја смири ситуацијата. Неспособноста на Заев и Филипче е причина моментално во Скопје да имаме околу 1.000 активни случаи на болни лица од КОВИД-19. Преплавен е и остатокот од државата каде имаме над 1.500 активни случаи. Македонија буквално тоне во зараза. Највиновни за тоа се Зоран Заев и Венко Филипче. ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Заев и Филипче немаат капацитет да се справат со коронакризата, ниту на здравствено поле, ниту на економско поле.

На полето на здравството – пациентите се незадоволни, медицински сестри ги напуштаат клиниките, лекарите се револтирани. На полето на еконосмијата – граѓаните немаат пари, 40.000 останаа без работа, фирмите не добија помош, но затоа добија фирмите на Нина Ангеловска и Зоран Заев. Македонија со СДСМ само тоне. СДСМ не беше способна да се справи со првиот бран на коронавирус, кој кај нас заради нивната неспособност се уште трае, нема да може ни да се справи со есенскиот бран, кој според кажувањата на експертите може да биде полош и од првиот. СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче немаат капацитет и треба да понесат одговорност.