ВМРО-ДПМНЕ: Заев разрешува за пркос, а се колнеше во демократија и право на различно размислување

„Заев разрешува за пркос, а за криминал унапредува. Заев кој се колнеше во демократија и право на различно размислување, покажа дека е само еден обичен фолирант.

„Прв пат кога некој му се спротивстави затоа што од него бара да спроведе неисправна одлука, тој бара разрешување и политичко погубување.

„Примерот со односот на Заев со Стојко Пауновски е доказ дека Заев не трпи различно мислење, а не пак аргументирано спротивставување.

„Заев е во паника, не знае како да го одржи мафијашкиот систем кој му се распаѓа и затоа се заканува на сите страни.

„Ова е матрицата на Заев. Оливер Спасовски на кого му се случија Мафија 1 и 2, во чие време се издавале пасоши на балкански наркобосови е министер, а Стојко Пауновски ќе биде разрешен. Дали ова значи дека првиот работел под негова наредба, а Стојко Пауновски не и затоа се менува?

Дали Заев призна дека сите функционери кои прават криминал, скандали и афери и не се сменети е затоа што работат под негова команда и затоа се привилигирани, а оние кои ќе покажат став ќе бидат сменети?!

Заев на дело го покаже своето вистинско лице, велат од партијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ