ВМРО-ДПМНЕ: Марин се расфрла со народни пари, истрага мора веднаш

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, за недомаќинско работење и за расипничко трошење на парите на граѓаните и од надлежните институции побараа да отворат истрага за него.

„Златко Марин, градоначалникот на Општина Аеродром во Скопје, плаќа 300 евра за едно метро дрвена даска! Не кубик, не столб – едно метро, дрвена даска, 10 на 10 сантиметри, за Златко Марин треба да чини 300 евра.

Според набавките на Златко Марин – „Дрвен столб од 1метар (10cmx10cm)“ се плаќа 300 евра, без ДДВ, а со ДДВ изнесува 350 евра. Еден метар дрвена даска!

Математиката вели цел дрвен столб од 4 метри, би изнесувале фантастични 1.400 евра, или метар кубен, како што се купуваат даски, летви или граѓа, според Златко Марин треба да чини – 35.000 евра!

Златко Марин е градоначалник на Аеродром кој што не изградил ништо, освен ценовници!

Златко Марин е градоначалник кој што купува сијалици, една лед сијалица за 48.000 денари.

Купува обрач за кош за 15.000 денари. Чешма, метална чешма за вода 65.000 денари! Над 1.000 евра за една чешма за вода. Славина за вода 7.000 денари. Корпа за отпадоци 16.000 денари. Клупа за седење 15.000 денари.

Овие цени се вон сите параметри за стопанско работење во Македонија. Овие цени се вон разум во години на економска криза во која што потона Македонија. Овие цени може да ги плаќа само некој кој што во нечистотијата гледа голф терени. Ова не се цени кои што кажуваат за добро водење на општината. Напротив кажуваат многу за
Златко Марин, за СДСМ и за Зоран Заев.

Граѓаните на општина Аеродром, на Скопје, но и на цела Македонија, по ваквите ценовници и испатени суми, заслужуваат да знаат дали Златко Марин има или може да извади документ за деловна способност да управува со буџетски пари на граѓаните? Вака како што Марин ги троши парите, на сето ова и за телефони, и за фонтани кои што не работат, а ги гледавме по социјалните мрежи, на скапи ПР агенции и на обиди за наградување на медиуми за промо – прилози за неговата работа во Аеродром, 300 евра за едно метро дрвена летва – е се, само не домаќинско работење!

За ова мора да има одговорност!“