ВМРО-ДПМНЕ: Мерки нема, а 78% од работниците во Македонија се погодени од кризата

Скопје, 28 април 2020

СДСМ не може да ја сокрие неспособноста па продолжува да пушта соопштенија полни со лага.

Лага е дека мерките помогнале на граѓаните и на Република Македонија.

Реалноста е многу поинаква.

Република Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата.

Според анализата на Институтот за економски истражувања Сазадвег, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП.

Заради импровизациите на СДСМ дури 78% од работниците во Македонија се лично погодени од корона кризата.

Секој четврти работник во земјава има намалена плата.

Лагите на СДСМ се открија.

Веќе не може да ги спаси ниту едно соопштение пишано од Бихакќа.

Крајот на СДСМ е се поизвесен.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ