ВМРО-ДПМНЕ објави дел од кандидатите за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска објавија дел од кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори.

Кандидат за градоначалник за општина Кисела Вода е Орце Георгиевски, организацискиот секретар на партијата, а за Сопиште е Стевче Трповски, актуелниот градоначалник.

Во трката за прв човек на Центар, Кочани, Петровец, Илинден и Штип влегуваат Наташа Котлар, Љупчо Папазов, Борче Митевски, Александар Ѓоргиевски и Иван Јорданов.

За градоначалник на Велес опозициската ВМРО–ДПМНЕ го кандидира Марко Колев, за Радовиш, Александар Ристов, за Конче – Златко Ристов, за Босилово – Ристо Манчев
Конче – Златко Ристов, за Босилово го кандидираат Ристо Манчев, за Валандово – Тони Узунов, за Богданци – Маријан Пеев, за Дојран – Филип Дончовски, за Гевгелија – Андон Сарамандов, за Неготино – Горан Стојанов, за Демир Капија – Андон Донев, а за Росоман – Тихомир Николов.

Борче Јовчевски е кандидатот за градоначалник на Прилеп, Александар Богдановски за Кривигаштани, Слободанчо Саботковски за Могила, Стевче Стевановски за Новаци, Спасе Кочовски за Вевчани, а Јовица Илиевски за Брвеница

ВМРО-ДПМНЕ ги номинираше и кандидатите за градоналачници за Јегуновце и Гази Баба. Во овие две општини тие на социјалдемократите ќе им се спротистават со Димитар Костадиновски, односно Бобан Стефковски.

Според потпретседателот на партијата, Александар Николоски, овие кандидатите ќе донесат победа на овие локални избори.

„Убеден сум дека ова е вистинската понуда за нов почеток, за нова сила која што ќе донесе промени и решавање на проблемите на сите граѓани, за тоа што Македонија мора да биде земја за сите луѓе“, рече Николоски.