Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВМРО – ДПМНЕ од Битола ја почна кампањата „Разговори за обнова на Македонија“
Македонија

ВМРО – ДПМНЕ од Битола ја почна кампањата „Разговори за обнова на Македонија“

септември 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Ние од денес тргнуваме по домовите, улиците и булеварите за на граѓаните да им ја раскажеме нашата приказна и со нив во нашата предизборна програма да ги реализираме политиките на идната Влада“, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски и го најави почетокот на кампањата „Разговори за обнова на Македонија“.

Пред битолчани Мицкоски посочи дека кампањата ќе биде поделена во два дела, прв дел – интерактивна програма која ќе ја пишуваат граѓаните за секој град одделно, и втор стратешки дел, посветен на стратешките проекти значајни за цела држава.

„Оваа генерација Македонци нема право на грешка и затоа одлучно ќе ја обновиме државата и ќе ја направиме достоинствено место за живеење. Прво што ќе направиме е „нула-толеранција“ за криминалот и корупцијата, без разлика од каде доаѓа и кој тоа го направил, политички определен или неопределен. Ќе одговара секој што направил криминал бидејќи народот изгуби доверба, затоа што народот се чувствува
беспомошен, затоа што народот нема доверба во судството нити во обвинителството. Народот нема доверба нити во политичките партии затоа што гледаат дека политичките партии заедно со судиите и обвинителите соработуваат само за своите интереси. Правдата мора да се врати без влијание на политичари и политички елити“, истакна Мицкоски.

Пред членовите и симпатизарите на ВМРО – ДПМНЕ, првиот човек на македонската опозиција говореше за слабостите во јавното здравство, образованието и економијата, за нереализираните ветувања на актуелната власт и сиромаштијата на населението, затоа што како што рече има помалку пари во државниот буџет бидејќи нема кој да плаќа даноци, на стопанството лошо му оди и намален е бројот на вработени во
индустријата, затоа што индустријата е во колапс.

„Нудиме поинаков пристап и затоа сакаме да ги слушнеме проблемите на граѓаните, иако за најголем дел од проблемите знаеме. Свесен сум дека сето ова од страна на нашиот политички противник ќе биде дочекано со реминисценција на минатото, но нашата главна цел е заедно со граѓаните да направиме нешто за кое што ќе го заслужиме нашето место во историјата“, нагласи Мицкоски.

На отворената средба на Широк Сокак, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека како идна власт се обврзуваат Битола да ја направат културен и универзитетски центар, економски „тигар“ и ќе ја вратат публиката на стадионот под Тумбе Кафе.

„Советувајте ме како треба бидејќи ние сакаме да бидеме политичари слуги на народот, а не политичари кои ќе владеат со народот“, рече Мицкоски на почетокот од националната кампања на ВМРО – ДПМНЕ насловена како „Разговори за обнова на Македонија“.

актуелно битола вмро-дпмне кампања
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.