ВМРО-ДПМНЕ: Пикот на короната не поминува

Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче која значи смрт за народот, и неодговорноста на власта ги чини граѓаните здравје и животи, велат преку соопштение уутринава од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму наведуваат дека во последното деноноќие Македонија бележи нов црн биланс со 1.342 нови заразени и 22 починати лица од КОВИД вирусот. Со ова Македонија достигна до 1.847 жртви и е во земјите црни рекордери на светско ниво по смртност на милион жители.

„Неспособните Заев, Филипче и изгубениот Ангелов не преземаат никакви мерки да ги заштитат граѓаните, туку само манипулираат со јавноста дека се е под контрола. А, контролата одамна е изгубена, болниците се преполни, пациентите немаат доволно кислород, за тестирање граѓаните чекаат со денови, а со саати да дојде брза помош. Секојдневните сведоштва на граѓаните ги демантираат лагите на власта. Нивните лаги убиваат за жал секој ден и тоа луѓето го плаќаат со своите животи.

Оставки и одговорност мора да има, бидејќи епидемијата наречена власт на Заев е подеднакво опасна како и КОВИД вирусот.“ стои во соопштението.