Скопје, 2 октомври 2019
Реакција на соопштението на СДСМ
Парите на граѓаните завршуваат во џебовите на Заев и врхушката на СДСМ.
За овие три години СДСМ ја ограби државата и граѓаните ги доведе до питачки стап.
Популистичките мерки како „Мој ДДВ“ се само уште еден начин и манипулација со кој СДСМ преку превезот „ги враќаме парите кај граѓаните“ дополнително се богати.
Поради криминалите на Владата на Заев над 500.000 граѓани живеат под работ на сиромаштијата, а долгот на државата вртоглаво расте.
Заев и СДСМ покажаа дека единствено се грижат за себе и немаат намера да донесат подобра економија за граѓаните на Република Македонија.
Неопходни се предвремени парламентарни избори за што побрзо оваа криминална власт си замине и започне обнова на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ







