Правната држава не функционира. Сомнеж во владеењето на правото во Македонија под власта на СДСМ, поради политичките апсења и монтираните случаи против македонските патриоти и пратеници изрази и комесарот за човекови права на Советот на Европа, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Политички монтираните случаи во кои се кршат основните човекови права се осудени лично од претставник на институцијата која ја донесе Европската конвенција за човекови права.
Осомничените во монтираниот судски случај се жртви на тортура. ОЈО и судот со своето делување ја стават Македонија на мапата на држави со политички затвореници.
Целиот државен апарат е ставен во полза на СДСМ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Десетината патриоти и пратеници се дел од хајката без аргументи по политичка нарачка.







