ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо проекти, нуди црна кампања

LinkSense.mk

СДСМ наместо проекти нуди црна кампања, тоа е доказ дека се во паника и ќе загубат.

СДСМ нема проекти, нема понуда, една недела СДСМ води црна кампања, со лаги и клевети.

Со СДСМ граѓаните добиваат само деструктивност, поделби и сиромаштија.

За да продолжат да крадат СДСМ и ДУИ со леснотија си играат со огнот на етничките тензии, сакајќи да предизвикаат конфликт.

Во моментов најголем непријател на етничките односи е Зоран Заев и неговиот партнер ДУИ, затоа што така си го штитат криминалот, сложно крадат од тендери додека пред камерите глумат загрижени политичари за мултиетничката демократија.

И Албанците, исто како и Македонците живеат подеднакво лошо и сите заедно ја напуштаат државата поради таквите како Заев и Ахмети.

И за да продолжат да крадат, ќе лажат, ќе измислуваат и ќе сеат омраза. Тие не сакаат сплотеност, зошто така тие нема да се важни.

Времето на криминал заврши. Време е за промени, за победи, за проекти.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ