ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема право да зборува за злоупотреба на полицијата

„Дали за СДС професионално полициско однесување е некој полициски службеник да го праша Заев дали да пука и потоа да употреби огнено оружје против граѓаните.

Крајно лицемерно е СДС да зборува за професионалност во полицијата. Веќе видовме како СДС се однесува кога има контрола во некој ресор. Оливер Спасовски направи брутална и противзаконска партизација на полицијата. Незаконски го унапреди сопругот на Фросина Ременски за 4 позиции, ги разрешуваше командирите на полициските станици а на нивно место назначуваше партиски кадри. Притоа за тоа време не направи една полициска акција против криминалот.

Додека беше министер за внатерешни работи Оливер Спасовски се фотографираше со припадници од подземјето, со фалсификатори како Чауш и со криминалци кои му одработуваа на теренот.

СДС секогаш ја напаѓале и обвинувале полицијата. Пред 2 години брутално ги нападнаа полициските службеници на нивниот протест пред владата. СДС и платеничката револуција, тогаш повредија 40-тина полицајци. Целата деструкција на криминалецот Заев излезе на површина. По полициската акција во Диво Насеље, Оливер Спасовски и Зоран Заев наместо да покажат грижа за оние кои се жртвуваа за Република Македонија, отидоа да прават селфи и да се смеат на местото каде што беа убиени македонските херои.

За време на владата предводена од ВМРО-ДПМЕН беа набавени нови 250 возила за полицијата, хеликоптери, нова опрема, лаборатории.

СДС немаат направени ништо за полицијата и немаат никакво морално право да зборат за злоупотреба на македонската полиција“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.