ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во Чичаковски

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција го обвини претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, дека кога било најповеќе потребен во државата, заминал да спие заради, како што наведе, негова премореност и рече оти нешто чудно се случувало во ДИК.

„Дали навистина спие или заминал на колсултации, или можеби на средба со некого. Во многу поголеми држави, држави со многу повеќе жители од нас, државните изборни комисии постигнатите резултати ги објавуваат после само неколку часа. Кај нас тоа трае премногу долго. цела ноќ, еве и цел ден“, рече Влатко Ѓорчев.

Тој посочи дека на вчерашните предвремени избори јасно била изразена волјата на граѓаните.

„Загрижени сме што Чичаковски си заминал да спие од 12 до 19 часот. Улогата на ДИК е еднаш во четири години да организира избори што траат два дена и толку. Недолично е ваквото однесување на првиот човек на изборната комија“, напомена Ѓорчев.