ВМРО-ДПМНЕ: Сите заинтересирани НВО и граѓани да се приклучат на „Обновата на Македонија“

Владеење на правото и економски просперитет се невозможни со Зоран Заев и СДСМ на власт. Тоа е се појасно со секој изминат ден. Надеж дека Заев ќе се откаже од криминалот, корупцијата и злоупотребите на институциите веќе нема.

Повеќе од 40 илјади граѓани досега учествуваа во акцијата за „Обнова на Македонија“. Овие граѓани се разочарани од криминалот и корупцијата кои царуваат во нашата држава. Разочарани се од лажните ветувања и неостварени очекувања на власта.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите заинтересирани невладини организации и здруженија и граѓани да се приклучат на „Обновата на Македонија“. Со граѓаните ќе го поразиме заевизмот, неправдата, сиромаштијата и ќе ја обновиме нашата татковина.

Очекуваме граѓаните да дадат квалитативен придонес во рамки на акцијата и подготвување на победничката изборната програма.

Веќе трета година нашата држава тоне на секое поле, граѓаните се осиромашени и понижени, нема никакви проекти, тоне образованието и здравството. Судството служи како политичка алатка на Зоран Заев за прогон на неговите неистомисленици и амнестија на неговите соработници.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата криминална банда им сервираат на граѓаните само порази. Доаѓа крајот на погубните политики на СДСМ.

Се ближи денот кога граѓаните ќе стават крај на тажната политичка кариера на Зоран Заев, човекот кој целосно ја девастираше Република Македонија на секое поле. Македонскиот граѓанин ќе одбере обнова, наместо безнадежност, проекти наместо безидејност и правда наместо криминал и корупција, на 12 април македонскиот народ ќе одбере „Обнова на Македонија“ и ќе ја испрати во историјата ова криминално рекетарска банда.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE