Над 32.000 амандмани поднела опозициската ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазиците со којшто се унапредува употребата на албанскиот јазик за третото читање на законот за што седница е закажана в понеделник, информираат собраниските служби.
Последните кутии со амандмани партиските претставници ги доставија нешто пред 16 часот.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев изјави дека до Собранието се доставени над 30.000 амандмани.
Опозициската партија останува на ставот за повлекување на законот и изготвување нов којшто ќе биде прифатлив за сите.
Претседателот Ѓорге Иванов го врати законот во Собранието без да го потпише указот за него со низа забелешки. Амандманите на ВМРО- ДПМНЕ треба да бидат врз основа на неговите укажувања.
Седницата е закажана за понеделник во 11 часот.







