ВМРО-ДПМНЕ: Со расипништво и корупција не се оди во Европа

LinkSense.mk

 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта за хедонизам, расипништво и корупција и во утринското соопштение вели дека со злоупотреба на државните ресурси за задоволување на хедонистичките страсти не се оди во Европа.

„Залудно Заев се обидува да го продаде името и да ја избрише историјата, традицијатаи културата, додека тој и неговите функционери со државни хелихоптери одат по ручеци или директори си праќаат службени полициски џипови за да им ги прошетаат децата по грчките плажи.

СДСМ ја третира државата како своја лична сопственост. Тоа го покажаа функционерите на СДСМ во повеќе наврати со својот хедонизам и расипништво, со тендерите и грантовите доделени на фирми во сопственост на државни и партиски функционери. Самоволието и злоупотребата на службената должност стана општа пракса на локалните шерифи од СДСМ”, пишува во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквите, како што велат, изблици на хедонизам и расипништво, корупциски скандали и сомнителни зделки само ја одалечуваат државата од евроатланските интеграции.