Автопатот Демир Капија – Смоквица е стопиран поради неспособноста и незаинтересираноста на Горан Сугарески и Зоран Заев, изјави Павлинче Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, автопатот требало да биде пуштен овој месец, но изградбата во моментов била запрена поради две, како што рече, банални причини.
„Министерот за транспорт и врски, Сугарески, не е заинтересиран целосно да го заврши автопатот, кој може да биде завршен за 2 дена.
Едната од причините е дислокација на електричен столб, а втората причина е одобрение за градба на диспечерски центар на страната на Неготино“, рече Честојнова.
Стојанова рече дека „СДС очигледно не само што нема намера да реализира нови проекти туку нема намера и заинтересираност да ги доврши постојните проекти, кои веќе се пред финална фаза“.
Деструкцијата и неспособноста на СДС ги гледаме на дело. Министер што не може да дислоцира еден електричен столб и да даде едно одобрение за градба, не заслужува и нема капацитет да води цело министерство.







