ВМРО-ДПМНЕ: Ја избравме неспособната Данела, ама ќе дадеме добар премиер

LinkSense.mk

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не направи правилен избор со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на ланските локални избори, но затоа, пак, знае да одбере добар премиер и добра влада. Тие сега бараат предвремени избори за, како што велат, да можеле да реализираат проекти не за Скопје, туку за цела држава.

„Лек за неспособноста на Данела Арсовска се единствено предвремени парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а потоа ќе формира влада. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе може сериозно да помогне за реализација на голем број проекти за Скопје. Наспроти тоа, СДС нема концепт ниту, пак, знае како да работи и да направи проекти. СДС ги бара ингеренциите за нивни фирми да ги земат парите. И сите проекти кои ќе ги земе владата на СДС ќе завршат како автопатот Кичево – Охрид или Клиничката болница во Штип. Шест години не можат да завршат еден проект, а за почеток на нов воопшто не станува збор. СДС мислат на стагнација, ВМРО-ДПМНЕ на развој“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, пак, изјави дека Владата ќе ги доврши сите големи проекти што се започнати во Скопје и, освен оној за Универзална сала, на градоначалничката Данела Арсовска ќе ѝ ги одземе ингеренциите за позначајните проекти.