ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични против 200 лица за референдумот

LinkSense.mk

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот зашто го смета за груб фалсификат, заради што денеска ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај.

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ синоќа ги потврди заклучоците. Бараат разрешување на јавниот обвинител, формирање собраниска анкетна комисија, која треба да ги истражи сите нерегуларности и да ги процесира до соодветните органи и почитување на законот за Влада, со цел доколку има избори да се формира Влада по пржински модел.