Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на прес конференцијата што ја одржа рече дека денес се случи флагрантно кршење на Уставот и Законите.
„СДСМ, Зоран Заев и владејачкото мнозинство ја поништија волјата на граѓаните.Овој чекор на СДСМ е само патување кон дното во кое сакаат да не понесат сите нас. И вие добро знаете дека од оваа одлука никој ниту денес ниту утре ќе живее подобро.
„Само затоа што две партии меѓу себе се договориле, изгласаа закон кој е неуставен, неприменлив и штетен. Договор меѓу две партии СДСМ и ДУИ, но тоа не е и договор прифатен и одобрен од граѓаните.
„Не е погазено само правото, ваквиот чекор на носење на противуставен закон е удар и врз соживотот, некој свесно не втурнува одново во непосакувано сценарио, во кое влогот е Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери поради флагрантото кршење на Уставот и законите. Ова е закон кој ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае.
ВМРО-ДПМНЕ останува на бедемот на државните интереси, ВМРО-ДПМНЕ останува да биде гласот на народот. ВМРО ја враќа силата и одговорот е народот, кој ќе донесе победа, победа над сите овие неправди и катастрофални политики, истакна Мицковски.







