Вовед во нова војна: Азербејџан влезе на територијата на Ерменија

Ерменското министерство за одбрана денеска соопшти дека не ја отфрла можноста за употреба на сила ако азербејџанските сили не ја напуштат ерменската територија во рамки на разумен рок.

Во случај на недостаток на мирно решение во разумен рок, ако азербејџанските сили не се вратат на нивните почетни позиции, ерменските вооружени сили имаат право да го решат проблемот, дури и со сила“, се наведува во соопштението што го пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.

Министерството уште еднаш нагласи дека какво било кршење на законот е апсолутно неприфатливо за Ерменија и дека азербејџанските трупи мораат да ја напуштат нивната територија.

Од Ереван повикаа ова прашање да се реши по мирен пат и побараа меѓународно посредништво.

На 12 мај азербејџанските вооружени сили на границата во провинцијата Сјуник изведоа „одредени операции“ во намера да ја „прилагодат границата“.

После реакцијата на Јемен, Азербејџанците престанаа со активностите и се сложија да почнат разговори за решавање на состојбата.

Истиот ден, вршителот на должноста премиер на Ерменија, Никол Пашињан, одржа состанок со безбедносните сили, на кој ја опиша состојбата како кршење на ерменската територија.

Тој тогаш рекол дека Азербејџанците ја преминале границата и влегле три и пол километри во внатрешноста на Ерменија.

 

 

(Фото: ЕПА)