Водачот на германските конзервативци си оди од партијата

LinkSense.mk

Армин Лашет, лидерот на конзервативците во Германија вечерва најави повлекување од чело на ЦДУ, после катастрофалните резултати на изборите во септември, кога беше кандидат на ЦДУ за канцелар.

Многу брзо ќе се занимаваме со прашањето за нов тим на ЦДУ“, изјави Лашет во Берлин, видливо многу ослабен и под притисок после изборите 26 септември.

Помалку од една година откако од Ангела Меркел го превзеде водството на партијата, Лашет рече дека ќе бара одржување на конгрес на ЦДУ кој ќе одлучи за иднината и реорганизацијата на водството.

Од повлекувањето на Ангела Меркел од претседателството непрестано водиме расправа за насоката на партијата“, додаде тој.

Според дневниот весник Билд, конгресот би требало да се одржи во првата половина на декември, во Дрезден.

Избирачите го сметаат Армин Лашет за најодговорен за најлошиот изборен резултат кој конзервативците го постигнаа во историјата на модерна Германија.

На парламентарните избори најмногу гласови, 25.8 отсто, освои Социјалдемократската партија на Германија (СПД), зад која следи Унијата ЦДУ/ЦСУ со 24.1 отсто, трета е партијата на Зелените со 14.8 и либералите ФДП со 11.5 отсто.

Денеска почнаа преговорите меѓу СДП, Зелените и Либерално-демократската партија за формирање на коалициска влада на чело со социјалдемократскиот кандидат за канцелар, Олаф Шолц.

Армин Лашет од изборите наваму се наоѓа под притисок на мнозинството во партијата, но и од јавноста. Во испитувањата на јавното мислење повеќето сметаат дека Лашет, како кандидат на партијата која загуби на изборите, не може да превземе составување на влада.

 

 

 

(Фото: ЕПА)