Во близина на исландскиот крајбрежно градче Гриндавик еруптираше уште еден вулкан, поради што локалните власти прогласија вонредна состојба.
Ова е петта вулканска ерупција во тој регион од декември до сега.
После бројните земјотреси во истата област и огромниот притисок кој се создал под земја, вчера попладнето избувна ерупција во близина на Сунднук, место северно од Гриндавик, објави исландската телевизија РУВ.
Кристин Јонсдотир, геофизичарка од Исландската метеоролошка служба, процени дека пукнатината е долга повеќе од еден километар.
Властите прогласија вонредна состојба.
Ерупцијата се случи неколку часа откако властите наредија евакуација на селата Гриндавик и Сина лагуна, отворен термален базен кој е многу популарен меѓу туристите. Таму вчераутро имало меѓу 700 и 800 посетители.
Гриндавик се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, околу 55 километри југозападно од главниот град на Исланд, Рејкјавик.
За време на ерупцијата во јануари, лавата проголта три куќи на северниот раб на градчето, кое има 4.000 жители.
(Фото: Хандаут / АФП)