Во Албанија запленети 26 тони бразилско месо

Албанските власти блокираа 26 тони пилешко месо, увезено од Бразил, откако било утврдено дека содржи високи концентрации на салмонела.

Во соопштението на Националната служба за храна се посочува дека месото пред неколку дена со брод пристигнало во пристаништето Драч, а било увезено од локална компанија, против која е отворена истрага.

Бразил е главниот извор на птичје и свинско месо за албанските компании.

По информациите за извоз на неквалитетно месо во Албанија почнаа редовни проверки.