Во Божикниот тајфун на Филипини – шест мртви

Во силниот тајфун Нок-Тен кој на Божик ги погоди Филипини настрадаа најмалку шест лица, а 18 се водат како исчезнати.

Бурата, инаку ретка за овој период од годината, мина низ пет провинции и стигна близу главниот град Манила.

Едно лице настрада кога во провинцијата Батангас се преврти траект, а 18 патници сеуште се водат како исчезнати, наведуваат од филипинската крајбрежна стража.

Во поплавите и одроните причинети од ударите на тајфунот загинаа пет лица.

filipini-nok-ten-3

Нок-Тен наречен по птицата од Лаос, во неделата најнапред ја погоди источната провинција Катандуан, а ударите од ветрот достигнуваа брзина и до 235 километри на час.

Многу области останаа без струја, евакуирани се повеќе од 429 илјади луѓе, а беа откажани 330 домашни и меѓународни летови.

Метеоролозите првобитно најавија дека бурата ќе помине и низ Манила, каде живеат 13 милиони жители, но непосредно пред градот нејзиниот интензитет ослабе, и Манила беше поштедена, додека тајфунот продолжи да се движи кон Јужното кинеско море.

Ова е најсилната бура која ја погоди Филипини, по тајфунот „Хаијан“ во 2014 година загинаа или исчезнаа повеќе од 7.300 луѓе.

filipini-nok-ten-2

Официјални лица наведуваат дека е многу тешко да ги убедите тамошните жители во екот на прославата на Божик да ги напуштат домовите и да одат во засолништа пред ударот на тајфунот.

Надлежните дури спроведувале принудна евакуација, предупредувајќи ги жителите во критичните места дека во случај да одбијат ќе се соочат со строги казни, вклучувајќи и смртна.

Секоја година островската држава ја погодуваат околу 20 тајфуни и бури, а во последните 65 години, дури седум тајфуни се случиле токму на Божик.