Во боите на ретките болести осветлени и водите на Охридското Езеро

LinkSense.mk

– Нуркачите од Нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид се приклучија кон националната кампања за осветлување на знаменитости и културно-историски споменици со цел подигнување на свеста и запознавање со ретките болести.

Тие со илуминација поставена кај месноста Сараиште ги осветлија водите на Охридското Езеро, на местото каде се наоѓа старата дрвена шина користена за извлекување бродови и пловни објекти.

Претходно со илуминација во акцијата се вклучи и Архивот на Охрид, со осветлување на објектот во боите на ретките, а акцијата стартуваше на 1 февруари кога беше осветлена Самуиловата тврдина во Охрид.

Тврдината ќе биде осветлена во боите на ретките болести се до крајот на февруари до кога и трае националната кампања за запознавање на ретките заболувања.