Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во болничка изолација возачот на комбето со кое патуваше и заразената пациентка со коронавирус
Во Фокусот

Во болничка изолација возачот на комбето со кое патуваше и заразената пациентка со коронавирус

февруари 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Негативен е резултатот за коронавирус на лицето кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица, а во болничка изолација е возачот на комбето со кое допатува и пациентката на која завчера во Скопје и беше потврден коронавирус.

Ова попладнево го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата, кој рече дека возачот сам се јавил и кажал дека има симптоми на кашлица и болки во градите.

Посочи дека возачот на комбето претходно беше во домашна изолација, а пред неколку часа поради симптоми на кашлица и болки во градите кои се појавиле првпат изутрината, е спроведен со целата заштитна опрема во соба за изолација во Општата болница во Струмица.

„Земени се материјали за знализа и тие во следните часови ќе бидат изработени во лабораторија во Скопје, по што ќе ја информираме јавноста. Тој бил сам дома, немал контакти ниту со семејството и сам ја контактираше нашата служба. Кога ќе стигнат резултатите ќе одлучиме каде ќе се лекува. Доколку резултатот е негативен ќе продолжи да се лекува во Инфективното одделение таму, не во изолација, а доколку е позитивен ќе се префрли во Инфективната клиника во Скопје“, истакна
Филипче.

Посочи дека состојбата на пациентката која има коронавирус и натаму е стабилна и е во изолација на Клиниката за инфективни болести.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека симптоми има само возачот кој денеска се јавил, а сите други кои се домашна изолација се во добра здравствена состојба.

„Вчера имавме интензивни средби со претставници на Комисијата за заразни болести кои излегоа со препораки, го информиравме и Управувачкиот комитет за координација и управување на системот за управување со кризи. Денеска Владата го прифати предлогот кој произлезе од оваа институција и донесе заклучок на организаторите на јавни собири да им препорача да ги откажат до 6 март. Нема простор за паника, будно се следи ситуацијата од страна на експертите епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Во секој момент сме спремни одлуката се надгради, да се воведе нешто друго доколку треба и на истиот начин и за викедот ќе продолжиме да ја информираме јавноста за се што се случува“, додаде Филипче.

Потенцира дека се откажуваат Струмичкиот карневал, карневалот „Прочка“ во Прилеп и дека им се препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите да се одигруваат без публика.

„Ова го кажуваме конкретно и специфично за овие два карневалa и спортските настани во однос на публиката затоа што очекуваме на тие настани да дојдат многу луѓе од регионот на Северна Италија кои работат таму, а сега се враќаат. Во овој момент нема ниту една епидемиолошка причина да се воведе строга забрана за каков било јавен настан на кое било друго место затоа ги потенцираме овие два настани. Се донесоа уште неколку одлуки на Владата да се провери состојбата, количините и цените на сите заштитни материјали заедно со Агенцијата за лекови и Државниот пазарен инспекторат во однос на цените и количините на заштитни материјали, маски, ракавици итн., затоа што има информации дека некои цени се драстично зголемени“, додаде Филипче.

актуелно болничка изолација коронавирус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.