Во Бразил најголем број новозаразени од август

– Во Бразил се регистрирани 53.453 новозаразени лица, што е најголем број на нови случаи на коронавирусот регистрирани за еден ден од средината на август, соопшти Министерството за здравство.

Од последниот пресек починале уште 836 пациенти.

Оваа јужноамериканска земја регистрира повеќе од 6,7 милиони заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата и е на третото место во светот по бројот на заразени лица.

Со речиси 179 илјади починати, според официјалните податоци, Бразил е на второто место во светот по бројот на жртви од Ковид-19.