Во Бразил околу пет милиони заразени случаи со Ковид-19

Во Бразил во последното деноноќие се регистрирани 11.946 нови случаи на зараза со коронавирус.

Со тоа вкупниот број на инфицирани лица во земјата изнесува 4.927.235, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Бројот на смртни случаи во Бразил се зголеми за 323 и достигна 146.675 починати.