Во Бугарија разгледуваат донација вакцини за Северна Македонија

Извршниот директор на бугарската Агенција за лекови, Богдан Кирилов изјави денска за БТВ дека властите во државата разговараат за донирање вакцини за Северна Македонија.

– Таква беше стратегијата на ЕК – да склучува договори со поголем број производители, за да може да се минимизираат ризиците поврзани со производството.

Владата преговара со разни земји. Знам за договори со Северна Македонија. Начинот на кој тоа треба да се случи се дискутира и со ЕК. Во оваа фаза се коментира за донација, но се разгледуваат и можностите за препродажба, рече Кирилов.

Во врска со фактот дека до крајот на годината се очекува да пристигнат 14 милиони вакцини во Бугарија Кирилов посочи дека тие активно работат за донации на извесни количини.

Според него, досега, речиси 3,8 милиони дози се веќе доставени во Бугарија.

– Администрирани се скоро 1,5 милиони.Односно, има доволно достапни вакцини за сите оние кои сакаат да се вакцинираат, без оглед на нивната возрасна група.Бугарија е веројатно единствената земја во која секој, без оглед на возраста и здравствениот статус, може да ја добие вакцината што ја сака на денот кога сака, изјави Кирилов.