Во Германија експоненцијално расте бројот на заразени со Ковид-19

– Епидемиологот Дирк Брокман од германскиот Институт за заразни болести „Роберт Кох“ денеска изјави дека Ковид-19 експоненцијално се шири во Германија.

– Во моментот сме соочени со третиот бран. Тоа веќе не може да се оспори. И во овој момент ги намаливме ограничувањата, што го забрза експоненцијалниот раст, посочи Брокман.

Бројот на новозаразени вчера на 100.000 жители се зголеми на 83, во споредба со еден ден претходно кога бројката изнесуваше 79, а една недела беше 68. Инситутот за заразни болести предупредува дека бројот на новозаболени до средината на април може да се искачи на 200.

Германија вчера ја стопира употребата на вакцината АстраЗенека, како и поголем број европски држави, поради појава на згрутчување на крвта кај лицата што примиле вакцина против Ковид-19.

Брокман истакна дека ризикот од вакцината на АстраЗенека е релативно низок.