Данскиот парламент вчера без големо противење го усвои законот за зголемување на старосната граница за пензионирање на 70 години од 2040 година, од сегашните 67 години.
Собранието на својата веб-страница објави дека 81 пратеник гласале за, а 21 против. Во Данска, од реформата во 2006 година, законската возраст за пензионирање се поставува според очекуваниот животен век и се ревидира на секои пет години.
Возрасната граница ќе биде зголемена на 68 години од 2030 година, а во 2035 година ќе биде 69 години.
Со новиот закон старосната граница за пензионирање е 70 години за сите родени по 31 декември 1970 година, односно за сите оние кои ќе наполнат 69 години во 2040 година.







