Во Драч, Албанија: Запленети милион фунти

Албанската полиција откри и заплени еден милион фунти скриени во возило кое што дошло од Велика Британија во Драч.

Полицијата имала дојава дека во товарно возило (комбе) се наоѓа поголема количина пари. Во соработка со царинските органи извршена е детална проверка и пронајдени се повеќе пакувања во кои биле британски фунти, пренесува „Топ чанел“.

Приведено е едно лице, дваесетгодиниот Ј.И., жител на албанскиот град Хас, возач на комбето, којшто негирал дека имал какви било сознанија дека пренесувал пари во возилото кое вршело транспорт на стоки на релацијата Британија – Албанија.